ВИДЕО | Градоначалникот на Бања Лука ги забрани сите настапи на раперот Десингерица и воведе казни до 50.000 евра
Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, им забрани на сите сопственици на клубови да го ангажираат раперот Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица. За секој кој ќе ја прекрши забраната, предвидена е казна од 50.000 до 100.000 конвертибилни марки (околу 25.000–50.000 евра).
Препорачано
View this post on Instagram
Станивуковиќ првпат воведе забрана за настапи на Десингерица пред две години, а сега ја заостри мерката со конкретни казни за организаторите и изведувачот.
Градоначалникот ја образложи одлуката со објавени снимки од настапите на Десингерица, на кои се прикажува непристојно и агресивно однесување: плукање врз публиката, јадење над главите на присутните и шишање момчиња.
„Таквите изведувачи немаат место во нашата Бања Лука. Затоа, во случај некој да се обиде да злоупотреби јавни настани со вакво вулгарно, примитивно и насилничко однесување кон нашата младина, ќе бидат казнети со 50.000 до 100.000 КМ – и изведувачот и организаторот без исклучок“, порача Станивуковиќ.
Тој додаде и дека со дополнителни мерки како забрана на реалити програми, отстранување на обложувалници во близина на училишта и ограничување на користење на социјалните мрежи за деца под 15 години, Десингерици и вакви луѓе повеќе нема да постојат.
Раперот веќе се огласил за овие наводи дека лошо влијае на младите:
„Не знам зошто би влијаел негативно на децата. Затоа што заработувам пари? Затоа што имам жена и дете? Затоа што возам добар автомобил и живеам добро? Сакам моето дете да биде успешно како јас. Најважно е да имаш здрава фамилија, а јас ја имам. Туѓите деца не се мој проблем. Јас правам музика за возрасни. Родителот го воспитува своето дете како сака. Тоа не е моја улога“, изјавил Драгомир.


