ВИДЕО: Наполи слави на „Олимпико“, фантастичен гол на Осимхен

Наполи го одржува врвот во Серија А/Рим, Италија/23 октомври 2022/фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Наполи во рамките од 11 коло во најсилното италијанско првенство на гостински терен ја совлада Рома со 0:1.

Прекрасен погодок реализираше нигерискиот интернационалец Виктор Осимхен во 80 минута после асистенцијата на Политано.

За „наполитанците“ од 57 минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како замена за Французинот Танги Ндомбеле.

На табелата во Серија А води составот на Лучано Спалети со 29 бодови, три повеќе од второпласираниот Милан.

Лацио кој славеше над Аталанта (0:2) е на третото место со 24 бодови, додека Рома е на петтата позиција со 22 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот