Фото: Принтскрин

ВИДЕО: Поддржувачи на Вучиќ го гаѓале новинарот Шаровиќ со шишиња и со петарди — полицијата не реагирала

Немања Шаровиќ, новинар познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), бил нападнат вчера во Белград за време на собир што го организирале приврзаници на Александар Вучиќ, објави „Данас“.

ВИДЕО: Уапсен новинарот Шаровиќ кој постојано известуваше за протестите во Србија

Во последните години Шаровиќ привлече големо внимание со видеа во кои со микрофон оди на митинзите на СНС и редовно ги исмејува приврзаниците на Вучиќ.

Токму тој тип содржини, кои во Србија беа и пофалени и критикувани, го претворија во една од највпечатливите фигури на антирежимската сцена.

ВИДЕО | Една година сеќавање со болка и молк: Десетици илјадници граѓани со 16-минутна тишина им оддадоа почит на загинатите во Нови Сад

Шаровиќ и екипата на КТВ биле на терен кога собирот на СНС станал агресивен. На снимката се гледа како присутните го напаѓаат, го навредуваат и фрлаат предмети кон него. Во еден момент, еден од поддржувачите на Вучиќ силно му го избил микрофонот од раката. Според зборовите на Шаровиќ, кон него летале шишиња, петарди и други предмети.

На снимката се слуша и повик: „Пи*ко усташка!“

Иако јасно се гледа дека дошло до физички напад врз новинарската екипа, полицискиот кордон кој бил во непосредна близина не реагирал. Присутните, според српските медиуми, повеќепати ги повикувале полицајците да го запрат насилството, но тие само го набљудувале настанот.

Го ослободија и по неколку мига пак го уапсија: „Миша Бачулов останува мета за прогон“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот