Го ослободија и по неколку мига пак го уапсија: „Миша Бачулов останува мета за прогон“
Опозицискиот советник од Нови Сад е уапсен под сомнение дека наводно ги координирал немирите во српското Собрание што се случија во недела навечер, од Клиничкиот центар на Србија, каде што беше хоспитализиран од саботата.
Во Палатата на правдата во Белград, денеска Миша Бачулов, опозициски советник од Нови Сад, беше ослободен од обвиненијата за кои беше уапсен во петокот, а само неколку моменти подоцна, на излегување од Палатата, повторно беше уапсен, објави Нова.рс.
Препорачано
Наводно, ден пред масовниот комеморативен собир во Нови Сад на 1 ноември, тој беше уапсен поради тоа што „се обидувал да го лажира своето труење и да ги обвини Александар Вучиќ и државниот врв.“
Денеска, пак, Бачулов е уапсен под сомнение дека наводно ги координирал немирите во српското Собрание што се случија во недела навечер, од Клиничкиот центар на Србија, каде што беше хоспитализиран од саботата.
Неговата организација „Биди херој“ објави видео од апсењето.
„По наредба на Вишото јавно обвинителство, но врз нова, засега непозната основа. Неговото семејство, пријателите и сите присутни се сведоци на целосно лудило и неправда. Она што се случува повеќе не е закон, ова е прогон“, напишаа тие.
Поради учеството во протестите, Миша Бачулов повеќепати е апсен, а од падот на настрешницата во Нови Сад и почетокот на антивладините демонстрации, тој е честа мета на власта во Србија.
View this post on Instagram


