ВИДЕО | „Најхрабрата жена во Русија“, новинарката Овсијаникова: Се срамам што сум дел од пропагандата

Фото: Твитер/принтскрин

Руската новинарка Марина Овсијаникова, која денеска упадна во програма во живо на руската телевизија „Прв канал“, претходно снимила видеопорака на социјалните мрежи, во која порачува дека ѝ е срам што работела за пропагандата на Кремљ. Таа е вработена во телевизијата како уредник.

Освен тоа, во пораката Овсијаникова вели дека татко ѝ е Украинец и целосно ја осудува војната.

– Она што се случува во Украина е криминал и Русија е агресорот. Одговорноста за ова лежи кај еден човек, Владимир Путин. Татко ми е Украинец, а мајка ми Русинка. Тие никогаш не биле непријатели. За жал изминатите неколку години јас работам во „Прв канал“. Јас ја спроведував пропагандата на Кремљ и се срамам од тоа: што дозволував луѓе да жалат преку ТВ екраните, рече таа.

Откако новинарката се појави зад водителката со плакат на кој пишуваше „Не на војната. Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Овде Русите ве лажат за војната“, таа била одведена во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот