ВИДЕО | Најдобриот рецепт за грчка салата од компири, се разликува поради преливот
Салата од компири можете да јадете цела година, а одличен прилог е со риба. Секоја земја има свој рецепт за салата од компири. Ние најчесто ја подготвуваме со кромид и само ја зачинуваме, а сега ви го пренесуваме совршениот грчки рецепт за салата од компири.
Препорачано
Грците ја прават салатата од компири на сличен начин како и ние, а она што ја прави различна е преливот.
Состојки:
– 1,3 кг млад компир
– 1 мал виолетов кромид
– 3 млади кромитчиња
– 1 китка магдонос
– 1 китка копар
– 100 грама маслинки
– сол
За преливот:
– ¼ шолја вински оцет
– 2 лажички сенф
– 1½ лажичка оригано
– 2 чешниња лук
– 1½ лажичка сол
– ¼ лажичка бибер
– ½ шолја ладно цедено маслиново масло
Подготовка:
Добро измијте ги компирите и ставете ги во тенџере. Потоа покријте со вода и посолете. Гответе додека компирите не омекнат. За млад компир не е потребно многу време да се вари.
Во сад измешајте оцет, сенф, оригано, лук, сол и бибер. Полека сипете го маслиновото масло, па сè убаво измешајте за убаво да се соединат состојките.
Компирите процедете ги и оставете ги да се изладат во цедалка. Исечете ги компирите на половинка и ставете ги во садот во кој ќе ја послужите салатата. Додадете го сечканиот виолетов кромид, како и младиот кромид, магдоносот, копарот и маслинките. Сè убаво измешајте, па сипете го преливот и повторно измешајте. Доколку е потребно, зачинете уште малку.


