ВИДЕО | На познатата пејачка ѝ пукнаа панталоните на сцена, саудиските власти ѝ го прекинаа концертот

Фото: Принтскрин/ Твитер

Раперката Иги Азалеа (33) во петокот вечерта одржала концерт во Риад, Саудиска Арабија, но истиот бил скратен, затоа што на сцената ѝ пукнале панталоните од латекс.

Како што изјавила по инцидентот, не се работи за модна незгода, туку со тој чин испратила порака за зајакнување на жените и со тоа ја натерала полицијата предвреме да го прекине концертот.

Иги на концертот ги изведувала своите песни полни со пцовки, без цензура, а кога ѝ пукнале панталоните, се обидела да сокрие што се случило, па ги повикала членовите на својот тим да ѝ донесат тренирка.

 

Инаку, во моментот кога панталоните наеднаш пукнале, свирел ремикс на феминистичката химна „Woman’s World“ во изведба на Шер.

Иги успеала да изведе уште неколку песни, а потоа полицијата го прекинала нејзиниот настап. Пејачката потоа се огласила на Твитер за инцидентот и им се извинила на обожавателите, па дополнително објавила дека концертот е откажан поради нејзината феминистичка порака.

„Многу ми е жал што не ми дозволија да го завршам својот настап. Властите не ни дозволија затоа што ми пукнаа панталоните“, напиша раперката.

 


Кога еден маж ја прашал дали властите навистина нема да ѝ дозволат да ги смени панталоните и да продолжи да настапува, Иги одговорила дека тогаш на сцената викнала: „Дами, направете врева, тоа е женски свет!“, што, како што тврди, очигледно ги натерало властите да го прекинат концертот.

Познато е дека Саудиска Арабија има строги закони за пристојно однесување во јавноста, што вклучува и скромно облекување.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот