ВИДЕО | На концерт на Мадона: Танчерка му играла во скут на Дедо Мраз, тој се струполил врз неа

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ madonna

Танчерка на Мадона и Дедо Мраз паднале на сцената на нејзината турнеја „Селебрејшн“ (Celebration) во вторникот во Вашингтон, пишува „Дејли мејл“.

Постар човек облечен како Дедо Мраз седнал на стол на средината на сцената, а Мадона настапувала до него. 65-годишната пејачка накратко седнала на столчето до Дедо Мраз пред да стане и да продолжи со својот настап.

Една од нејзините танчерки седнала во скутот на Дедо Мраз – и двајцата паднале од столот, а Мадона ги гледала шокирано.

Танчерката, како и другите танчери продолжле да танцуваат, додека Дедо Мраз се исправи по падот.

Непријатниот момент доаѓа само неколку дена откако Мадона откри дека била ставена во кома 48 часа додека била хоспитализирана поради бактериска инфекција.

Ѕвездата зборуваше за нејзиното здравје во јуни 2023 година додека беше на сцената на нејзината турнеја во Бруклин, Њујорк во саботата.

Таа рече дека била примена на интензивна нега откако ѝ откажале белите дробови и бубрезите.

Обраќајќи ѝ се на толпата, Мадона лично ѝ се заблагодари на својата пријателка Шавон, велејќи: „Има некои многу важни луѓе тука вечерва кои беа со мене во болницата. Има една многу важна жена која ме однесе во болница.

Не се ни сеќавам. Се онесвестив на подот во бањата и се разбудив во ургентиот центар… Бев во индуцирана кома 48 часа. Таа ми го спаси животот. Ти благодарам Шавон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот