Сестра на Јорданчо Џамов, агинат во „Пулс“ - Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

ВИДЕО | Нѐ оставија сами да се бориме — како да бараме услуга, а не правда, вели сестра на загинат во Кочани

Државата ни даде нула денари, нè оставија сами да се бориме за најосновните работи како да бараме услуга, наместо правда, вели Розета, сестра на Јорданчо Џамов кој загина во трагедијата во кабарето „Пулс“ лани, на 16 март.

„Слободен печат“ беше на гробиштата во Кочани во пресрет на годишнината на трагедијата. Џамов не успеал да се спаси вечерта, неговото семејство го барало по сите болници, а тој бил во Кочани. Неговата сестра вели дека во оваа година добиле само добро спакувани ветувања, а реалната поддршка ја нема.

-Институционално се слушаат само убаво спакувани ветувања, но вистинската реална поддршка ја нема. Кога ќе изгубиш некој близок, очекуваш државата да застане зад тебе, но го покажа најминималното чувство на одговорност, нè оставија сами да се бориме за најосновните работи, како да бараме услуга, а не правда. Тоа чувство дека си оставен сам беше втор удар по трагедијата што ни се случи – вели Розета.

Таа вели дека уште нема официјален одговор од власта на нивните барања за системска помош на семејствата на жртвите. Во ваква атмосфера таа не очекува ништо од власта.

 

-Што да очекуваме од власта? Комеморација на државно ниво не направија, еве сега ќе правеле кога ќе правиме и ние во Кочани. Се покажаа мислам – додава таа.

Камера: Методи Здравев

ВИДЕО | Пред трагедијата си ја обнови опремата, таа не изгоре, а тој не ни се врати – мајката на диџејот од „Пулс“ за „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот