ВИДЕО | Муслиу: Страв нормално дека не постои, не играме првпат против Италија

ристовски муслиу
фото: instagram/ffm.mk

Македонската фудбалска А репрезентација ги продолжува подготовките за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија (09.09.) и Малта (12.09.).

Своите очекувања од натпреварот со европскиот првак, Италија ги сподели дефанзивецот, Висар Муслиу.

– Сакаме да се покажеме во најдобро светло, за разлика од последните натпревари. Мора да бидеме на високо ниво и тактички и физички. Италија секако има план за натпреварот, ние исто така. Страв нормално дека не постои, не играме прв пат против европскиот првак.

Дуелите против Украина и Англија треба да ги заборавиме, повеќе боли мечот со Украина, отколку тој во Англија, но тоа е веќе минато. Мора да гледаме напред – вели Муслиу.

Во тек е продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Италија. Повеќе ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот