ВИДЕО: Мост се урна во Србија, двајца мртви, неколку повредени

Урнат мост Србија/ Фото Твитер

Двајца загинаа, а голем број се повредени откако пешачки мост се урна во Западна Морава, по кој поминувале туристи од Зворник, од Република Српска, јавија српските медиуми.

Очигледно, по симнувањето од автобусот, туристите веднаш се упатиле кон мостот, а таму немало никој да ги предупреди за правилото кое малкумина го знаеле.

Луѓето го користеле со обврска мостот никогаш да не биде преоптоварен, односно на него никогаш немало повеќе од две или три лица, држејќи се на растојание.

Туристите не биле свесни за големата опасност бидејќи пред мостот немало предупредување дека мостот не е во функција, јавува агенцијата.

Евакуацијата на луѓето е во тек, брзата помош е на терен.

Мостот кој се урна денеска во утринските часови беше омилено излетничко место на многумина од Чачак. Меѓутоа, она што би ги изненадило многу гости кои се нашле на него е фактот што овој мост кој викендов го користеле неколку стотици луѓе бил во многу лоша состојба.

– Даските на подот се скапани, секој чекор е ризичен и вие преземате своја одговорност. Без никаков знак или предупредување, луѓето поминуваат и само на половина пат низ овој висечки мост гледаат дека секој следен чекор може да ги доведе во опасност. Недостасуваат парчиња од подот, скршена е плетената жица од страна. Состојбата на каблите што го држат е големо прашање – изјави за РИНА Милован Ресимиќ, редовен гостин на Бањата Овчар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот