ВИДЕО: Морант му ја расипа роденденската вечер на Леброн

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Мемфис гризлис ја остварија третата победа по ред откако со 104:99 го совлада ЛА Лејкерс, во натпревар на кој блескаше Џа Морант. Мемфис на полувремето имаше минус од 14 поени, но во вториот дел Морант постигна 25 од освоите 41 поен, а притоа даде 11 од последните 15 поени на својот тим.
Кај ЛА Лејкерс, одлична партија одигра Леброн Џејмс на еден ден пред неговиот 37 роденден постигнувајќи 37 поени. Ова беше шести пораз во последните седум натпревари за Лејкерс.

Чикаго булс по втор пат во последните три дена е подобар од десеткуваната Атланта хоукс, овој пат со 131:117. Зек Лавин постигна 25, а Никола Вучевиќ имаше дабл-дабл од по 20 поени и скокови кај Чикаго. Кај Атланта на која и недостасуваат 15 играчи поради повреда и коронавирус, најдобар беше Тре Јанг со 26 поени.


Феникс санс со 115:97 беше подобар од Оклахома сити и ја продолжи трката со Голден Стејт за првото место во Западната конференција. И двете екипи имаат идентичен скор од 27 победи и 7 порази, а натпреварот го одбележа Девин Букер кои постигна 38 поени и дојде до бројката од 10.000 постигнати поени во кариерата. Тој е седмиот најмлад кошаркар во историјата кој дошол до оваа бројка.


РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Њујорк 85:94
Индијана – Шарлот 108:116
Бостон – ЛА Клиперс 82:91
Чикаго – Атланта 131:117
Мемфис – ЛА Лејкерс 104:99
Феникс – Оклахома 115:97
Портланд – Јута 105:120
Сакраменто – Далас 95:94

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот