ВИДЕО: Моментот кога петарда експлодираше пред голманот на Ајнтрахт во Белгија

Пукна петардата пред нозете на голманот Кевин Трап кој падна на теренот и му се укажуваше лекарска помош/Антверп, Белгија/30 септември 2021/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Фудбалерите на Ајнтрахт го совладаа домашниот Антверп со 1:0 во вчерашниот натпревар од Лига Европа. Единствениот гол во натпреварот го реализираше Гонсало Пасиенсиа, кој беше прецизен од белата точка во судиското надополнување.

Пред овој меч во белгискиот град Антверп се водеа жестоки навивачки пресмтки, полицијата имаше многу работа, а информациите велат дека беа приведени околу 100 навивачи.

Се споменува разбиено кафуле, навивачите користеле столови, тули, канти за отпадоци, имало нереди на натпреварот, но и после истиот.

Токму во текот на мечот голманот на германската екипа Ајнтрахт, Кевин Трап се најде во многу опасна ситуација.

Една петарда од трибините беше фрлена пред неговите нозе, чуварот на мрежата падна на теренот и му беше укажана помош, по што продолжи натпреварот. Видео записот можете да го погледнете ТУКА

– Ова нема врска со фудбалот – кратко коментираше тренерот на Ајнтрахт, Оливер Гласнер.

Видео на денот