ВИДЕО: Младиот Марко Пејчиновски ќе плива за Децата со ретки болести

Марко Пејчиновски ќе плива од Охрид до Струга, и назад до Охрид/Фото: facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial

На 4 септември (сабота) ќе биде третото препливување оваа година на младиот пливач Марко Пејчиновски.

Овојпат ќе плива од Охрид до Струга и назад до Охрид. Како што најавува, ова препливување го посветува на Децата со ретки болести.

Маичките за ПОДДРШКА на Марко со слоганот “NEVER GIVE UP” („Никогаш не се предавај“) ќе се продаваат и подигнуваат на штанд кај градското ПРИСТАНИШТЕ во Охрид од 12.00 на 4 септември, кога Марко ќе плива по ТРЕТ ПАТ за оваа сезона.

Тимот на Марко, изрази јавна благодарност за компаниите: ПЕКАБЕСКО АД –Скопје, ТД ЛАБРАДОР – Охрид, ВИТАЛИА ДОО – Скопје, ГАЛИУМ ФАРМ ПЗУ – Охрид, кои на свој начин ја изразија поддршката за Марко.

Воедно се надеваат од тимот дека вакви општествено одговорни компании ќе има многу повеќе под македонското небо и дека државата ќе ја преземе целосната надлежност за доброто на Децата со ретки болести.

Подигањето на свеста за Децата со ретки болести, нивното место и третман од и во општеството, нивното лекување, треба да е еден континуиран и сеопфатен процес на сите општествени чинители, а иницијативите на поединци како што е Марко треба да ги поттикнат, „освестат“ и „разбудат“ сите надлежни институции.

ВИДЕО: Херојот Марко Пејчиновски плива во чест на Свети Наум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот