ВИДЕО: Останаа уште три кола, Леверкузен не знае за пораз во Бундес лигата

фото: EPA-EFE/LEON KUEGELER

Денеска во 31 коло од најсилното германско фудбалско првенство ремизираа екипите на Баер Леверкузен и Штутгарт со 2:2.

На три кола до крајот на бундеслигашката сезона новиот шампион Баер Леверкузен и натаму не знае за пораз.

По првото полувреме на „Бај Арена“ немаше голови, но ги имаше во вториот дел. Водеа гостите со погодоците на Фурих во 47 и Ундав во 57 минута од средбата.

Намалија домаќините преку Адли во 61 минута, а поразот беше избегнат во самиот финиш од мечот кога бод за Баер донесе Андрих.

На табелата Баер Леверкузен има 81 бод на врвот, додека Штутгарт е на третата позиција со 64 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот