Италија ја шокираше Црна Гора и е блиску до пласман на Светското првенство

Момент од натпреварот Италија - Црна Гора/фото: instagram.com/federazioneitalianahandball

На жрепката кога се дознаа бараж двојките за пласман на Светското ракометно првенство во 2025 година, се најавуваше дека репрезентацијата на Црна Гора ќе има лесна задача против Италија.

Но, по првиот натпревар Италијанците во Конверсано направија големо изненадување и на домашен терен со 32:26 ги совладаа Црногорците, иако по првото полувреме имаа само минимална позитива од 16:15.

Умберто Бонцо ја водеше Италија до победата со 13 голови, следен од Андреј Парисини со пет, а четири запиша Марко Менон.

На спротивната страна Василија Калуѓеровиќ реализираше седум голови, а по четири Бранко Вујовиќ и Вуко Борозан.

Италија е поблиску до учество на Мундијал, тоа би било второ нејзино учество на светските шампионати, првото го имаше на СП 1997.

Реваншот помеѓу Црна Гора и Италија ќе се игра на 12 мај во Подгорица.

Во четвртокот се одиграа уште пет натпревари од мундијалскиот бараж: Грузија – Австрија 25:27, Литванија – Унгарија 26:33, Полска – Словачка 28:29, Словенија – Швајцарија 26:27 и Португалија – Босна и Херцеговина 29:19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот