Атанасов: Негативата не е голема и во Суботица нема да одиме со бело знаме

фото: MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski

МЗТ Скопје Аеродром е поразен во првиот натпревар од полуфиналето во АБА 2 лигата на домашен терен против Спартак Суботица. Повеќе ТУКА

Актуелниот македонски шампион на реваншот во Србија кој ќе се одигра на 4 мај ќе брка негатива од пет коша разлика.

Тренерот на „металците“, Васко Атанасов вели дека неговите играчи не се предаваат и дека ќе го дадат максимумот на возвратниот дуел за пласман во финалето.

– Тврд натпревар во кој противникот се снајде подобро. Мислам дека можевме и подобро да минеме, особено поради добрата игра во второто полувреме. Негативата не е голема и во Суботица сигурно нема да одиме со бело знаме. Ќе се подготвуваме максимално и се надевам дека со нешто подобар офанзивен дел ќе може да го надополниме пропуштеното од Скопје – се зборовите на Атанасов.

Свој коментар за мечот во Скопје имаше и тренерот на Спартак Суботица, Владимир Јовановиќ:

– Не сум изненаден од играта на МЗТ и одличната атмосфера во Скопје, но и од резултатот. Верував дека можеме да победиме и знаев дека тоа не може да биде со голема разлика. Задоволен сум што со „плус пет“ си одиме дома. Тоа беше тврд натпревар во кој повеќе решаваа одбраните. Очекувам и реваншот да биде тежок, бидејќи системот е таков што со победа не решава ништо, туку и на следниот дуел треба да одиграте максимално ако саката понатаму – рече Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот