ВИДЕО: МЗТ поразен од Спартак во првиот меч од полуфиналето во АБА 2 лигата

фото: MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski

Во првиот натпревар од полуфиналето во АБА 2 лигата екипата на МЗТ Скопје Аеродром во СЦ „Јане Сандански“ загуби од Спартак Суботица со 73:78 (15:23, 16:12, 24:17, 18:26).

Во текот на првата четвртина играчите на тренерот Васко Атанасов имаа позитива од четири коша разлика (13:9), а подоцна и 15:13, но од тој момент дозволија противниците до крајот на стартните 10 минути да направат серија од 10:0.

Српскиот претставник имаше и „плус 10“ на стартот од втората четвртина (25:15, 28:18). До паузата МЗТ не дозволи негативата да расте, па успеа да се доближи до само „минус четири“ (35:31).

Третата четвртина целосно им припадна на „металците“, не само што израмнија, туку и повторно да поведат на овој меч (38:37), а подоцна и да имаат предност од 44:41. Домаќините во еден момент имаа и „плус пет“ (55:50).

Во решавачките 10 минути последната позитива на МЗТ изнесуваше (57:55), а потоа Спартак направи серија од 65:59 и своето водство не го испушти до самиот крај на средбата. Во еден момент МЗТ имаше и загрижувачки „минус 10“ од 78:68, успеа да анулира пола од негативата и во реваншот патува со само „минус пет“ (78:73).

За МЗТ доминираше В. Стојановски со 20 поени, а на спротивната страна Гордиќ запиша 16 поени. Возвратниот дуел во Србија кој ќе решава за патникот во финалето ќе се игра на 4 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот