ВИДЕО: Атлетико Мадрид го задржува местото кое води во Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/Mariscal

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Атлетик Билбао со резултат 3:1 во 33 коло од „Ла Лига“.

„Јорганџиите“ подобро го започнаа натпреварот, поведоа во 15 минута, кога погоди Родриго де Пол. Непосредно пред паузата, Нико Вилијамс израмни за тимот од Баскија.

Веќе на стартот од вториот дел од играта се забележаа нови возбудувања. Коке беше во улога на асистент, а Анхел Кореја ја внесе топката во мрежата, за ново водство на домашните.

Играчите на Симеоне продолжија да напаѓаат, што резултираше со уште еден гол во 80 минута, кога Унаи Симон си постигна автогол и со тоа го постави конечниот епилог.

Мадриѓаните останаа сигурни на четвртото место со 64 бодови, додека Атлетик Билбао е петтопласиран со шест бодови помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот