ВИДЕО: Челси лошо почна, па успеа да освои бод по 100 минути фудбал

фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Фудбалерите на Челси одиграа нерешено со Астон Вила во натпреварот од 35 коло во Премиер лигата со 2:2.

Марк Кукуреља со автогол во четвртата минута им донесе предност на домаќините на Вила Парк, а Морган Роџерс го удвои водството по додавањето на Мети Кеш во 42 минута.

Помеѓу тие два гола, еден беше поништен за Челси, па Николас Џексон во 16 минута немаше среќа да се запише во листата на стрелците.

Челси сепак успеа да израмни во продолжението. Најпрвин Нони Мадуеке погоди во 62 минута, а Конор Галагер во 81 минута го постави конечниот епилог.

Многу жолти картони, тензија, влегувањето на Аксел Дисаси во 90 минута наместо повредениот Тијаго Силва и неговиот поништен гол во 95 минута, меѓу другото, го продолжи мечот за 10 минути, по што ниту една екипа не го промени исходот.

Челси има 48 бодови на деветтото место на табелата во Премиер лигата, додека Астон Вила остана на четвртото место со 67 бодови, седум повеќе од петтопласираниот Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот