ВИДЕО | Салах по расправијата со Клоп: Ќе има „оган“ ако зборувам денес

Мохамед Салах/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Ливерпул се „збогуваше“ од трката за титулата во Премиер лигата со ремито 2:2 против Вест Хем, но тоа можеби не е најлошото нешто што им се случи на „црвените“ попладнево.

Затоа што вербалниот судир што го имаше египетскио фудбалер Мохамед Салах со менаџерот на клубот Јирген Клоп при влегувањето во игра, се чини не беше толку наивен.

Германскиот стручњак се обиде очекувано да ја испушти топката на прес-конференцијата, изјавувајќи дека за него „работата е решена“, или, како што рече, завршена, но за Салах очигледно не е.

Напуштајќи го стадионот на Вест Хем, Египќанецот во додавање им фрли на новинарите „дека може да дојде до оган ако каже што има да каже“.

Клоп, интересно, го измеша составот на гостувањето кај „Чеканите“. Покрај Салах на клупата ги остави Дарвин Нуњез, Трент Александер Арнолд, Доминик Шобошлај, а кога во 81 минута воведе тројца меѓу кои и Салах дојде до тој конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот