ВИДЕО: Херојот Марко Пејчиновски плива во чест на Свети Наум

фото: Фејсбук/Марко Пејчиновски

Херојот Марко Пејчиноски утринава тргна во нов подгвиг, тој реши да ја исплива делницата од градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум, кој е лоциран на другиот крај од источното крајбрежје.

Херојот Марко одлучи да плива во чест на големиот светец и тоа по повод празникот Свети Наум.

„Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски – за здравје на сите нас“, објави тимот што го прати подвигот на Марко.

Инаку, Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум – Охрид. Подвигот го направи во 2018 година кога имаше само 12 години.

фото: Фејсбук/Марко Пејчиноски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот