Мицкоски: Излегувањето на овие избори е патриотска должност кога Македонија е толку силно разградена со криминал и корупција
Народот е определен, и јас искажувам длабока благодарност и почит до секој еден од вас. Но работата не е завршена. Ова беше само првиот круг, и жолтиот картон, мора да стане црвен на изборите на 8 мај. Народот да го зададе финалниот удар против корупцијата, криминалот и сиромаштијата. Повикувам на масовна излезност, затоа што излегувањето на овие избори меѓудругото е и патриотска должност и обврска кога Македонија е толку силно разградена со криминал и корупција. Да одиме напред, и да ги победиме сите сценарија кои ги разработува дуото СДСМ и ДУИ, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Виница.
Тој потенцираше дека однесувањето на ДУИ и СДСМ ја подрива европската идеја во Македонија.
-Тие стануваат минери на европската идеја затоа што народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат што ликови како Артан, Мерко и Талат овде зборуваат за ЕУ. Затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција како што се Артан, Мерко и Талат, додаде Мицкоски.
Ако граѓаните останат дома и не го остварат своето право на глас, Мицкоски вели дека овозможуваат Али Ахмети и ДУИ да продолжат да го понижуваат целиот народ во Македонија.