Димитар Митровски/NK Olimpija Ljubljana

ВИДЕО | Mитровски ја крева формата, повторно стрелаше за Олимпија

Македонскиот напаѓач Димитар Митровски продолжува да ја крева формата и да се наметнува како важен фактор во нападот на Олимпија Љубљана. По мајсторијата од слободен удар минатиот викенд, сега повторно се запиша во листата на стрелци во убедливата победа од 3-0 против Приморје.

Митровски погоди во 62. минута со прецизен удар од работ на шеснаесетникот, при што противничкиот голман беше немоќен. До крајот на натпреварот, Олимпија додаде уште еден погодок и рутински го завери триумфот.

Ова беше четврти гол за македонскиот интернационалец во словенечкото првенство, каде Олимпија моментално се наоѓа на петтата позиција на табелата.

ВИДЕО | Митровски во стилот на Меси, прекрасен гол од слободен удар во дуелот против Копер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот