ВИДЕО: Митревски ја има најдобрата одбрана на колото во Лигата на шампионите

Никола Митревски, голманот на македонската ракометна репрезентација/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Порто и натаму останува единствениот сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите без победа, на последниот натпревар од групата „А“ загуби тесно дома од ПСЖ со 33:35.

За португалскиот клуб македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски запиша девет одбрани.

Една од тие одбрани во изборот на ЕХФ беше прогласена за најдобра на деветтото коло.

Поточно, нашиот чувар на мрежата во овој случај се истакна со две одлични интервенции во период од неколку секунди против францускиот ракометен гигант.

Следниот дуел Порто ќе го има на 14 декември на гостувањето кај данската екипа ГОГ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот