ВИДЕО | Милевска: Посетата на Заев на Брисел дојде во право време

Премиерот и делегацијата во добро време решија да го посетат Брисел, за да се расчистат некои работи. Вчера високиот преставник за надворешна политика Борел стави крај на тие шпекулации на доста отсечен начин – рече дека не се размислува, нема никаква намера кај тие што одлучуваат за почеток на преговорите – во Советот на министрите на ЕУ, да се одвојуваат С. Македонија и Албанија. Останува најголемиот проблем – тоа е проблемот со Бугарија и тука многу ќе зависи од односот на другите 26 членки кон Бугарија, изјави за Утрински брифинг, дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска.

Сите на почетокот мислевме дека се „будимпештански“ ветрови, но сега се појавува една друга анализа која што мислам дека е доста релевантна, а тоа е дека можеби Вархељи со тоа што ја пушти таа бомба како пробен балон во јавноста успеа да предизвика многу силни реакции од страна на земјите членки. Со тоа што се отвори темата за одвојувањето на Албанија и Македонија, се отвори простор за клучни земји членки како Германија и Австрија да кажат – Не, не доаѓа предвид, па и самиот Борел вчера од ништо не предизвикан во воведниот говор да каже – Ако една работа е точна тоа е дека немаме намера да ги одвојуваме С. Македонија и Албанија, вели Милевска.

-Посетата на Заев помина добро. Дојде во право време, и имавме изјава подоцна од портпаролите на ЕК дека фон дер Лајен целосно ја поддржува ЕУ перспективата на Македонија, рече Милевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот