ВИДЕО: Милан по пауза од 11 години повторно е шампион на Италија

Играчите на Милан повторно се шампиони во Италија/ фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Милан со победата од 3:0 на гостувањето кај Сасуоло во последното коло од Серија А, по пауза од 11 години ја освоија шампионската титула.

Иако пред почетокот на сезоната, не им се даваа големи шанси на „росонерите“ за титулата, фудбалерите на Милан на најдобар начин ги демантираа скептиците и на крајот со 86 бода, два повеќе од градскиот ривал Интер, дојдоа до титулата.

Победата што им ја донесе титулата, „росонерите“ ја заверија  уште во првото полувреме. Оливие Жиру со головите во 17. и 32. минута донесе предност од 0:2 на гостувањето кај Сасуоло, а конечниот резултат го постави Френк Кеси во 36. минута.


На Интер залудна му беше победата од 3:0 над Сампдорија бидејќи за два бода остана покус зад градскиот ривал. „Нераѕурите“ трите гола ги дадоа на стартот од второто полувреме, Иван Перишиќ во 49 минута го отвори резултатот, а потоа Хоакин Кореа со два гола за две минути ја завери победата на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот