фото: Screenshoot/youtube.com/@ACMilan

ВИДЕО | Милан броеше до девет против Перт Глори

Денеска во пријателски натпревар одигран во Перт, Австралија, фудбалерите на Милан го декласираа Перт Глори со резултат 9:0.

За „росонерите“ по два голови постигнаа Рафаел Леао и Ноа Окафор.

По еднаш во листата на стрелците се запишаа Филипо Терачиано, Кристијан Комото, Самуел Чуквуезе, Самуеле Ричи и Јунус Муса.

По стартниот пораз (1:0) од Арсенал во серијата контролни мечеви ова лето, за „росонерите“ ова беше втора победа по онаа против Ливерпул од 4:2.

До почетокот на сезоната во Серија А, Милан ќе тестира и против Лидс на 9 август и против Челси следниот ден, а ќе го почне и настапот во Купот на Италија против Бари на 17 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот