ВИДЕО: „Мицкоски или не знае или лаже“ – директорот на ЕСМ Ковачевски реагира по обвинувањата од опозицијата

Фото: Јутјуб/принтскрин

„Треба да одржиме еден час во природа на професорот Христијан Мицкоски, но исто така добро е и граѓаните да слушнат и да видат за што реално станува збор. Професорот Христијан Мицкоски кој што е дел од енергетскиот сектор, кој претходно бил 12 години, во претходната власт главен советник за енергетика, бил 2-3 години и во Надзорниот и Управниот одбор на тогашно АД ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, треба да знае и добро е да знае како се продава ноќната енергија, на кој начин АД ЕСМ ја објавува и како одат одлуките за продажба на оваа енергија. Ако не знае, сега, денеска ќе нацртаме и една табела на која јасно ќе се покаже како АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци“ рече денеска пред новинарите во Битола генералниот директор на АД ЕСМ – Васко Ковачевски.

Ковачевски, облечен во работничка облека и заедно со директорот на РЕК Битола Пеце Матески, детално образложи како „граѓаните и малите потрошувачи, државните институции и сите субјекти ја купуваат електричната енергија како еден продукт, освен некои стопански субјекти кои имаат потреба од енергија во некои одредени пикови, односно во одредени часови“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот