Лионел Меси Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI

ВИДЕО | Меси го одигра последниот натпревар за Аргентина на домашен терен – не ги задржа солзите

Аргентина убедливо со 5-0 ја совлада Замбија во пријателски натпревар, но резултатот овојпат беше во втор план и во центарот на вниманието беше Лионел Меси, кој го одигра својот последен натпревар пред домашната публика.

Емотивната атмосфера беше очигледна, а Меси не успеа да ги сокрие солзите, свесен дека за последен пат настапува во дресот на националниот тим пред навивачите во својата татковина.

Се очекува аргентинската ѕвезда да се прости од репрезентацијата по настапот на Светското првенство, со што ќе биде ставен крај на една блескава ера.

На самиот натпревар, Меси се запиша меѓу стрелците, а за убедливата победа придонесоа и Хулијан Алварез, Николас Отаменди и Валентин Барко, додека еден погодок беше автогол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот