ВИДЕО | Меч на годината: Eпски 100 минути на „Стемфорд Бриџ“, Челси – Манчестер сити 4:4!
Во последните натпревар в недела во Премиер лигата во дербито одиграно на „Стемфорд Бриџ“ ремизираа екипите на Челси и Манчестер сити со резултат 4:4.
Препорачано
Халанд им донесе водство на „граѓаните“ во 25 минута, само четири минути подоцна израмнија лондонските „сини“ преку Силва.
Во 37 минута Челси дојде во предност со погодокот на Стерлинг, а непосредно пред паузата за нов егал на мечот се погрижи Аканџи.
На стартот од второто полувреме по вторпат во листата на стрелците во редовите на Сити се запиша Халанд (47`), а нови возбудувања донесе Џексон кој израмнин во 67 минута за 3:3.
Повторно водеше тимот на Пеп Гвардиола со голот на Родри (86`), но фудбалерите на Маурисио Покетино не се предадоа и го избегнаа поразот во 95 минута од пенал кој го реализираше Палмер.
Сити останува лидер на табелата со 28 бодови, додека Челси е на 10 позиција со 16 бодови. Инаку само три бода ги делат првите пет екипи на табелата: Манчестер сити (28), Ливерпул (27), Арсенал (27), Тотенхем (26) и Астон Вила (25).
ВИДЕО: Ливерпул рутински против Брентфорд, 200 голови на Салах во англискиот фудбал


