ВИДЕО: Ливерпул рутински против Брентфорд, 200 голови на Салах во англискиот фудбал

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

По изненадувачкото реми минатото коло против Лутон, денеска Ливерпул не дозволи ново изненадување во рамките од 12 коло во Премиер лига.

Фудбалерите на Јирген Клоп на својот „Енфилд“ со 3:0 го совладаа Брентфорд најмногу благодарение на Мохамед Салах.

Египќанецот беше двоен стрелец во 39 и 62 минута од мечот, а еден погодок запиша Диого Жота во 74 минута. Салах на овој меч дојде и до јубилеј, 200 постигнати голови во англискиот фудбал.

Триумфот на „црвените“ можеше да биде и поголем, но головите на Нуњез во 22 и 27 минута по ВАР снимките беа поништени поради офсајд.

На табелата Ливерпул е на второто место со 27 бодови, додека Брентфорд е на 10 позиција со 16 бодови.

Се одиграа уште три мечеви: Астон Вила – Фулам 3:1, Брајтон – Шефилд јунајтед 1:1, Вест хем – Нотингем форест 3:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот