Фото: k.mbappe/instagram

ВИДЕО | Мбапе и Хакими маскирани шетаа низ улиците на Њујорк

Килијан Мбапе и Ашраф Хакими веднаш по завршувањето на Светското првенство се вратија во ПСЖ, меѓутоа сега добија краток одмор од клубот од Париз.

Краткиот одмор двајцата фудбалери одлучија да го поминат во Њујорк каде гледаа НБА натпревар, но и уживаа во изведбата на улични музичари. Вниманието кое двоецот на ПСЖ го привлекува од јавноста е огромно, па сега очигледно сакаа малку „слободно“ да се прошетаат.

За таа цел Хакими и Мбапе беа маскирани, им се гледаа само очите, но сепак беше доволно за подоцна да се препознаат. Иако во прв момент скоро никој и да не знаеше дека до нив се големите фудбалски ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот