ВИДЕО | Марк Закерберг се онесвестил на турнир во џиу-џицу, противникот го гушел

Фото: Принтскрин Инстаграм/ Mark Zuckerberg

На почетокот на месец мај, Марк Закерберг се натпреварувал на турнир во џиу-џицу каде што се покажал доста добро, освојувајќи два златни и еден сребрен медал.

Но, според „Њујорк тајмс“, милијардерот прилично се мачел во натпреварот за сребрениот медал.

Противникот наводно почнал да го гуши, а Закерберг во еден момент изгубил свест, пишува „Њујорк тајмс“. Се чини дека приказната го налути основачот на „Фејсбук“ и тој го ангажираше пи-ар тимот на „Мета“, кој се обиде да ги негира тврдењата на „Њујорк тајмс“, во статијата која е веќе отстранета.

Тимот на Закерберг тврди дека милионерот не изгубил свест и дека репортерот на магазинот Џо Бернштајн едноставно греши, иако признаваат дека Закерберг го загубил натпреварот. Во меѓувреме се појави видео од оспорениот натпревар, кој го снимила сопругата на победникот Џеф Ибрахим.

„Ме повлече надолу и кога станав, неговите нозе беа обвиткани околу мене“, изјави Ибрахим за контроверзниот натпревар, додавајќи дека техниката на Закерберг била „пристојна“.
„Можев да се извлечам од неговиот гард (положба во џиу-џицу), но потоа тој некако ме повлече назад, но тоа не беше доволно цврсто“, изјави тој.

На видеото јасно се гледа како противникот на Закерберг успеал да добие доминантна позиција, а Ибрахим тврди дека не е сигурен дали Закерберг изгубил свест. Но, тој изјавил дека стисокот на Закерберг почнал да слабее кон крајот на борбата.

Закерберг и неговата сопруга Чан ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за развој на науката

ФОТО | „Многу љубов“: Марк Закерберг и Присила Чен го очекуваат третото дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот