ФОТО | „Многу љубов“: Марк Закерберг и Присила Чен го очекуваат третото дете

Фото: Инстаграм, Марк Закерберг

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг ја сподели среќната вест дека неговата сопруга Присила Чен е бремена по третпат.

„Многу љубов. Среќен сум што можам да ви соопштам дека Макс и Август ќе добијат нова сестричка наредната година“, напиша Закерберг во објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Марк и Присила стапија во брак на 19 мај 2012 година, во дворот на нивниот дом во Калифорнија. Тие се родители на две девојчиња – шестгодишната Максима и петгодишната Август.

Кога парот објави дека го очекува своето прво дете во 2015 година, тие споделија дека Присила претходно имала три спонтани абортуси и дека со години се обидувале да станат родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Закерберг и неговата сопруга Чан ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за развој на науката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот