ВИДЕО | Марија Шерифовиќ сподели преслатко видео со синот Марио: Ќе полудам

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ serifovic

Пејачката Марија Шерифовиќ го доби синот Марио со помош на сурогат мајка во Америка, а сега таа не се дели од својот наследник и ужива во моментите со него.

Марија е многу посветена мајка, а на Инстаграм често споделува видеа и фотографии со своето бебе и секогаш ги разнежнува своите следбеници.

Пејачката сега сподели видео од семејниот дом, каде ги бакнува стапалата на својот син и „се топи“ додека се гушкаат, со краток натпис: „Ќе полудам“.

Инаку, Марија неодамна откри дека нејзиниот син сака музика и дека често му пее.

– Сѐ е во ред и сѐ е под контрола, логистиката ми е силна страна и сѐ е како што треба, сѐ е во ред. Му пеам, од кога е роден сака гласна и брза музика, не сака бавна – рекла таа.

Се случил инцидент: Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот настап во Зеница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот