Мараја Кери во супермаркет/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Мараја Кери предизвика хаос во супермаркет, мисли дека сè е бесплатно!

Музичката ѕвезда Мараја Кери (56) предизвика метеж помеѓу обожавателите објавувајќи видео на Инстаграм на кое таа сама пазари во супермаркет. Мараја, позната по изјавата дека мисли дека електричната енергија е бесплатна, била снимена како турка количка и купува вино и житарки, а нејзината збунетост околу процесот предизвика лавина од коментари.

Во видеото, снимено во супермаркетот „Павилионс“, пејачката турка количка за пазарење, избирајќи различни сирења, вино, житарки „Капетан Кранч“ и солени грицки. Во еден момент, изгледајќи збунета, таа прашува: „Дали навистина ќе платиме за ова?“ Ова ги натерало обожавателите да истакнат во коментарите дека таа очигледно не била запознаена со целата ситуација.

„Ова ѝ е непознато и тоа се гледа“, напишал еден корисник.

Други се пошегувале на сметка на нејзината позната одбвивност кон вештачкото осветлување.

„Мараја, бегај од тоа осветлување, душо!“, „Се сеќавам дека ги мрази флуоресцентните светла“ и „Знам дека си донесе сопствено осветлување“, биле само некои од коментарите.

„Ова мора да е вештачка интелигенција“, „Изгледа како да е првпат да е во супермаркет од 1989 година“ и „Ова не е добро осветлување за тебе“, се некои од коментарите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hungama Express (@hungamaexpress)

Шегите на обожавателите се однесуваат на нејзиното интервју од 2024 година во популарниот поткаст Las Culturistas, каде што го критикувала, како што рекла, „агонизирачко“ осветлување. Во еден сегмент од емисијата во кој гостите имаат минута за приговор на која било тема, Мараја се налутила на плафонското осветлување.

„Не можам да го поднесам плафонското осветлување. Зошто ни го прават ова? Она што најмногу ме мачи е ужасното осветлување во лифтовите, лобињата, теретаните – не дека одам во теретана, само велам. Сонцето е во ред ако заоѓа, со задоволство ќе излезам и ќе ставам шешир или нешто слично, и ќе биде убаво затоа што сончевата светлина ми ја гали кожата. Но, плафонското осветлување, мислам дека не, душо. Ве молам, престанете! Каде и да одам, изгасете ги светлата! Не сакам повеќе да ги видам. Мачно ми е тоа осветлување!“

Иако купувањето намирници е секојдневна работа, Мараја, која се обидела да остане незабележлива со црни очила за сонце и јакна „бомбер“, изгледаше дел. Ова не ги изненадува нејзините обожаватели, со оглед на тоа што во минатото концептот на плаќање сметки ѝ бил непознат. Во едно интервју од 2009 година, кога еден новинар ја прашал за плаќање сметки, таа одговорила: „Каква сметка?“ Кога новинарот ѝ појаснил дека мисли на сметки, како што е електрична енергија, Мараја прашала: „О, па зарем тоа се плаќа?“ Новинарот додал дека електричната енергија не е бесплатна, на што таа погрешно заклучила: „Во Америка тоа е бесплатно“. Дури тогаш ѝ било објаснето дека, иако можеби „ѝ изгледа бесплатно“, сметките сепак мора да ги плаќа.

 

ФОТО+ВИДЕО | Како ледена кралица: Мараја Кери на отворањето на Зимските олимписки игри запеа на италијански јазик

Мараја Кери повторно руши рекорди: „All I Want For Christmas Is You“ е најдолготрајна песна на Билборд листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот