Profimedia

Мараја Кери повторно руши рекорди: „All I Want For Christmas Is You“ е најдолготрајна песна на Билборд листата

Мараја Кери уште еднаш ја потврди титулата „кралица на Божиќ“. Нејзиниот легендарен хит „All I Want For Christmas Is You“ официјално стана најдолготрајната песна на првото место во историјата на Билборд Хот 100 листата.

Според „Билборд“, овој божиќен хит веќе помина 20 недели на врвот, со што го надмина претходниот рекорд кој го држеа песните „Old Town Road“ на Лил Нес Икс и „A Bar Song (Tipsy)“ на Шабузи. Минатата недела песната го изедначи рекордот, а сега Кери ја остави конкуренцијата зад себе – и се очекува рекордот да расте и во наредните празнични сезони.

Иако песната е објавена уште во 1994 година, на првото место на Хот 100 листата се најде дури во 2019 година, благодарение на растечката популарност на стриминг платформите и секојдневната празнична атмосфера. Тогаш, Мараја исто така го постави рекордот за најдолг пат до првото место на листата.

Оваа година божиќните хитови целосно ја доминираат Билборд листата:

2. место: Бренда Ли – „Rockin’ Around the Christmas Tree“

3. место: Вхам! – „Last Christmas“

4. место: Боби Хелмс – „Jingle Bell Rock“

5. место: Аријана Гранде – „Santa Tell Me“

Мараја го прослави овој успех и на социјалните мрежи, со доза на хумор, потсетувајќи ги фановите на објавата од 2019 година кога симболично му го „предаде факелот“ на Лил Нес Икс, а сега објави нова фотографија – факелот е само нејзин.

Дури и по празничната сезона, Кери не мирува. Во јануари 2026 година ќе ја прими престижната награда MusiCares Person of the Year на гала вечерта за време на „Греми“ неделата во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот