ВИДЕО | Мараја Кери го испеа својот божиќен хит, обожавателите ја исмеваат

Фото: Профимедиа

Поп-пејачката Мараја Кери доби многубројни критики на социјалните мрежи по нејзиниот настап на американската парада по повод „Денот на благодарноста“.

Самопрогласената „Кралица на Божиќ“ настапи на традиционалната парада по повод „Денот на благодарноста“ која секоја година ја организира стоковната куќа „Macy’s“ на улиците на Менхетен, а Мараја Кери се појави во прекрасен розов фустан со чадор и го испеа својот божиќен хит „All I Want For Christmas Is You“.

Корисниците на социјалните мрежи ја нападнаа затоа што пее на плејбек.

Обожавателите напишаа на социјалните мрежи дека Кери покажала ужасна енергија додека стоела „како даска“ за време на настапот, а потоа ја критикувале дека ја отварала устата несинхронизирано со плејбекот.

„Ќе помислите дека таа ќе ја усоврши синхронизацијата на усните со оваа песна откако ќе ја испее илјада пати. Ова е ужасно“, напишал еден обожавател.

„Луѓе, ова не е вежба. Мараја Кери излезе од хибернација, бегајте“, додал друг.

„Принудени сме да ја слушаме нејзината песна во текот на празниците. Дали навистина моравме да ја видиме како пее на плејбек и на парадата?“, „Тие сигурно се обидуваат да направат вирално меме со оглед на тоа колку камерата е блиску до нејзините усни“, „Пеењето е толку комично!“, „Ми се допаѓа нејзиниот недостаток на енергија!“, се само дел од коментарите што го преплавија Твитер.

Фустан тежок 30тина килограми: Шестмина мажи биле потребни да го носат фустанот на Мараја Кери

Сестрата на Мараја Кери ја тужи ѕвездата и бара отштета од 1,25 милиони долари

Мараја Кери, по нејзината сестра доби тужба и од братот: Нејзините мемоари му нанеле душевна болка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот