Сестрата на Мараја Кери ја тужи ѕвездата и бара отштета од 1,25 милиони долари

Profimedia
Profimedia

Мемоарите на Мараја Кери, „The Meaning of Mariah Carey“, објавени во септември минатата година, ѝ предизвикале душевна болка на нејзината сестра Алисон, за што ја тужи својата славна сестра за отштета.

Алисон Кери поднесе тужба во понеделникот пред Врховниот суд во Њујорк, барајќи 1,25 милиони долари за душевна болка предизвикана од мемоарите на поп-ѕвездата, особено поглавјето со наслов „Dandelion Tea“.

Instagram
Instagram

Во тужбата се тврди дека во книгата, Мараја Кери упатила бројни обвинувања против Алисон Кери без докази, вклучувајќи ги и наводите дека Алисон ја малтретирала, фрлала зовриена вода кон неа, ѝ давала валиум и дека постојано се обидувала да ја измами.

За нејзиниот брат Морган, Мараја Кери во книгата тврди дека покажувал деструктивност и во детството и во позрелите години, изјавувајќи дека кога нејзиниот брат бил во близина, не било невообичаено да се прават дупки во ѕидовите или да летаат предмети низ куќата.

Instagram
Instagram

Во тужбата, Алисон исто така тврди дека Мараја, иако знаела дека нејзината сестра е повредена и скршена од овие трауматски настани од минатото, го искористила својот статус да ја нападне нејзината сестра која не е толку моќна финансиски, за дополнителен успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот