ВИДЕО: Манчестер сити и Флуминенсе за титулата на Светското клупско првенство

Џек Грилиш (Манчестер сити) на натпреварот против Урава/фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Фудбалерите на Манчестер сити во полуфиналето на Светското клупско првенство ја совладаа јапонската екипа на Урава на теренот во Џеда со резултат 3:0.

После првото полувреме европскиот првак имаше позитива благодарение на автоголот на Хоибратен непосредно пред паузата (45+1`).

На стартот од второто полувреме предноста на „граѓаните“ ја зголеми Ковачиќ по асистенцијата на Вокер, а конечниот епилог го постави Силва во 59 минута.

Противник на играчите на Пеп Гвардиола во финалето ќе биде бразилскиот Флуминенсе кој претходно со 2:0 триумфираше против Ал Ахли од Египет.

Натпреварот за титулата на Светското клупско првенство меѓу Манчестер сити и Флуминенсе ќе се игра в петок со почеток од 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот