ВИДЕО: Манчестер сити елиминиран од Лига купот, „два во еден“ на Енфилд, Челси го слави Џексон

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер сити остана без еден трофеј сезонава во Англија, играчите на Пеп Гвардиола се елиминирани уште во 1/16 финалето во Лига купот од Њукасл кој славеше со 1:0. Единствениот погодок на мечот на „Ст. Џејмс Парк“ беше шведскиот интернационалец Александр Исак во 53 минута, асистент беше Жоелингтон.

Во осминафиналето од ова натпреварување се пласираа уште Евертон, Блекбурн, Борнмут, Арсенал, Челси, Фулам, Вест хем и Ливерпул.

Арсенал како гостин го елиминираше Брентфорд со 1:0, победата ја донесе Нелсон во осмата минута од мечот.

Челси сезонава игра „топло-ладно“ во сите натпреварувања, во Премиер лигата не му оди најдобри, но затоа тимот на Маурисио Покетино продолжува успешно во Лига купот. Лондонските „сини“ пред своите навивачи на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон со 1:0 триумфираа над Брајтон. Триумфот го обезбеди Џексон во 51 минута по асистенцијата на Палмер.

Лестер водеше од третата минута со голот на МекАтир по првото полувреме на „Енфилд“ против Ливерпул. Но, „црвените“ направија целосен пресврт во вториот дел, најпрвин израмни Гакпо во 48 минута, за 2:1 се погрижи Шобошлаи (70`), а конечниот епилог го постави Диого Жота (89`).

Претходно пласман во следната рунда обезбедија и екипите на Мидлсбро, Ексетер сити, Ипсвич таун, Мансфилд тајн, Порт Вејл, Барнли и Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот