ВИДЕО | Манчестер Јунајтед ја совлада Астон Вила, Фернандеш урна рекорд на Дејвид Бекам
Фудбалерите на Манчестер јунајтед денеска триумфираа над тимот на Астон Вила со 3:1 во рамките од 30 коло во Премиер лига.
Препорачано
„Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд го постигнаа својот прв гол во 53 минута, кога Касемиро постигна гол по асистенција од Бруно Фернандеш.
Предноста на домашниот тим траеше само 11 минути, бидејќи Астон Вила успеа да израмни во 64 минута, со голот на Рос Баркли. Јунајтед се врати во позитива на 2:1 во 71-вата минута, а овој пат Матеуш Куња постигна гол, а Бруно Фернандеш повторно асистираше.
Португалецот Фернандеш со двете асистенции испиша историја на „Олд Трафорд“. Тој сега има 16 асистенции, што е најдобар учинок во историјата на клубот во една сезона. Претходниот рекорд (15 асистенции) го држеше поранешниот играч на Јунајтед, Дејвид Бекам. До крајот на сезоната има уште осум кола со шанса за Фернандеш да го подобри својот рекорд.
Bruno Fernandes now holds the record for the most assists in a Premier League season for Manchester United with 16 🎯
He breaks David Beckham's old record of 15. pic.twitter.com/K61QO4B85a
— Football on TNT Sports (@footballontnt) March 15, 2026
Во 81 минута Шешко ги постави конечните 3:1 за уште една победа на Јунајтед. Екипата на Мајкл Карик се искачи на третото место на табелата во Премиер лигата со 54 бода, додека Астон Вила е четврта со три бода помалку.
Во неделата се одиграа уште два натпревари во кои немаше погодоци (0:0), Кристал палас – Лидс и Нотингем – Фулам.


