Зеленски разговара со Макрон/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Макрон му се јави на Зеленски: Извини Емануел, ќе ве барам за 15 минути

Украинскиот претседател Володимир Зеленски додека одржуваше видео-конференцијата со новинарите, во еден момент доби телефонски повик од Емануел Макрон.

На видеото објавено на Икс, се гледа како Зеленски добива прашање од новинарка кога одеднаш го зема мобилниот телефон и се слуша како вели: „Извинете, Емануел, имам разговор со новинарите, може ли да ви се јавам за 15-20 минути?“.

По 1-2 секунди во кои очигледно го слушнал позитивниот одговор на францускиот претседател, Зеленски се слуша како вели „Да, те молам, ти благодарам Емануел, одлично, добро, збогум“.

Новинарите кои учествуваа на конференцискиот повик потоа го прашаа Зеленски дали Емануел Макрон навистина е на другиот крај од линијата, а украинскиот претседател одговори потврдно.

„Да, само што разговарав со претседателот Макрон. Разговараме многу често, речиси еднаш дневно“, појасни Володимир Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот