ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Зајков со првиот гол за Славија Софија

Ѓоко Зајков ја завршува позајмица во Славија Софија од украинската Ворскла Полтава/Фото: facebook.com/SlaviaSofia

Денеска во рамките од 26 коло во најсилното бугарско првенство составот на Славија Софија загуби на гостувањето кај Ботев Враца со 2:1.

После првото полувреме водеа домаќините со голот на Ненов во 21 минута од средбата.

Израмнија гостите со погодокот на македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков во 70 минута после асистенцијата на Добрев од корнер.

За нашиот играч (кој е на позајмица од украинскиот клуб Ворскла Полтава) тоа е прв гол во дресот на Славија Софија.

Ботев Враца успеа да дојде до трите бода во самиот финиш од средбата со голот на Василев (90+7`).

Голот на нашиот интернационалец можете да го погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот