ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Алиоски асистираше за триумф на Ал Ахли

фото: instagram.com/alahliclub.sa

Во рамките од 17 коло во најсилното фудбалско првенство на Саудиска Арабија екипата на Ал Ахли стигна до значаен триумф против Ал-Хазем со 1:0.

Непосредно пред паузата домаќините го реализираа погодокот преку Ал Сомах после асистенцијата на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, негова петта сезонава.

За Ал Ахли ова е четврта победа во шампионатот за моментно деветто место на табелата со 19 бодови.

Во следното коло Алиоски и неговиоте соиграчи на 21 јануари ќе му гостуваат на петтопласираниот Дамак кој славеше против Ал Таее (1:2).

На видео записот можете да ја погледнете асистенцијата на Алиоски:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот