ВИДЕО | Македонката Барбара Поповиќ со импресивна изведба на „Зајди, зајди“: Се расплака на сцената на „ИДJ Шоу“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Барбара Поповиќ, една од топ 12 финалистите на регионалното музичко шоу „IDJ Show“, девојка со магичен глас, ги воодушеви жирито и публиката со импресивната изведба на песната „Зајди, зајди“.

Таа се истакна со својот талент и специфичната боја на гласот, а успеа да ги освои срцата на јавноста и високо котира на листата на „IDJ Show“.

Барбара реши да се претстави со песната „Зајди, зајди“ , која е една од најпознатите македонски народни песни. Таа блесна на главната сцена на шоуто, доби голем аплауз од публиката, а потоа имаше можност да ги слушне коментарите на членовите на стручното жири, раперот Реља Поповиќ, пејачката Наташа Беквалац и еден од најдобрите македонски композитори, Дарко Димитров.

Тие истакнаа дека Барбара конечно се покажала во вистинско светло, во секоја смисла.

„Можам да ја видам и слушам Барбара и тоа многу добро. Беше сензационална вечерва, изгледаш толку достоинствено и звучеше спектакуларно. Ми се чини дека токму оваа песна е песната во која го покажа сиот свој талент“, ѝ се обрати прво Наташа.

Потоа Реља се осврна на нејзиниот настап, но и на целокупното однесување.

„Пееше и изгледаше неверојатно. Долго разговарав со тебе во претходната емисија, а сега сакам да се надоврзам на тоа. Тогаш зборував за твојот однос кон натпреварот и изминативе две недели го следам твојот однос кон натпреварот кој се промени и навистина сакам да ти честитам од сѐ срце и мислам дека тоа е многу важно за тебе. Изгледаше феноменално и прекрасно пееше. Моја среќа е што не плачам на оваа песна, бидејќи не би преживеал две плачења вечерва“ ѝ рекол Реља.

Потоа следеше коментар на менторот на Барбара, Дарко Димитров, кој нејзиниот настап го поздрави со аплауз.

„Горд сум што сум Македонец. Ти си еден од ангелите кои ја претставуваат Македонија и ти благодарам. Оваа песна е македонската химна и мило ми е што Барбара вака ја претстави“ , ѝ се обрати со очи полни солзи, кои ја потресоа и расплакаа Барбара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот