ВИДЕО: Македонија има една победа во меѓусебните дуели против Украина

фото: EPA-EFE/Robert Ghementg

Денеска од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје македонската фудбалска А репрезентација ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 против Украина.

Нашите најдобри фудбалери во квалификацискиот циклус стартуваа со домашен триумф од 2:1 над Малта, додека Украинците беа поразени на гостувањето кај Англија со 2:0.

Македонија во досегашните меѓусебни дуели против Украина има учинок од една победа, три порази и едно реми.

Единствениот триумф го имавме на пријателскиот натпревар одигран на 31 март 2004 година во Скопје со резултат 1:0. Стрелец на голот беше Горан Ставревски во 26 минута, а интересно во составот на Украина како играч беше нејзиниот сегашен селектор Сергеј Ребров.

Последниот меѓусебен дуел беше на последното Европско првенство, во Букурешт загубивме минимално со 2:1. Противникот постигна голови преку Јармоленко (29`) и Јаремчук (34`), а единствениот погодок за нашата селекција го реализираше Алиоски (57`).

11 октомври 2003 година
Пријателски натпревар
Украина – Македонија 0:0

31 март 2004 година
Пријателски натпревар
Македонија – Украина 1:0

12 октомври 2014 година
Квалификации ЕП 2016
Украина – Македонија 1:0

9 октомври 2015 година
Квалификации ЕП 2016
Македонија – Украина 0:2

17 јуни 2021 година
Европско првенство 2020
Украина – Македонија 2:1

ФОТО | Фудбалерите на Украина пристигнаа во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот