Ребров: Ги победивте Италија и Германија, сериозно го сфаќаме мечот против Македонија

фото: Павла Кубанова/uaf.ua

Македонската А репрезентација в четврток (16 јуни) со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 против Украина.

Потсетување дека влезниците за овој мечот Македонија – Украина се во продажба, повеќе информации ТУКА

Нашиот селектор Благоја Милевски вели дека од фудбалерите кои ќе се најдат на терен може да се очекува да го дадат својот максимум за успешен резултат против Украинците.

Неговиот колега на спротивната страна, украинскиот селектор Сергеј Ребров ја почитува македонската репрезентација.

– Македонија ја исфрли Италија во плеј-офот за Светското првенство 2022, ја совлада и Германија на гости. Го сфаќаме натпреварот многу сериозно. Мора да го почитуваме противникот, но и да размислуваме на нашата игра – вели Ребров.

Селекторот на Украина не ја прифаќа фаворитската улога на ова гостување во Скопје.

– Не верувам дека сме фаворити. Играме на гостински терен против една силна репрезентација. Мора да докажеме на теренот дека ние сме фаворити. Знаеме против кој играме утре, ја знаеме силата на Македонија. Очекувам еден тежок натпревар, знаеме дека Елмас е нивниот лидер во тимот. Но, имаа и други фудбалери кои добро се движат на теренот со топката, и на нив треба да обрнеме внимание – се зборовите на Ребров.

Пуштени во продажба билетите за Македонија – Украина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот