Милевски и Ристовски: Не чека тежок тежок натпревар, Украина игра одличен фудбал

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација денес ја одржа редовната прес-конференција пред утрешниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024.

Заедно со селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата присуствуваше и капитенот на репрезентацијата, Стефан Ристовски. Милевски истакна дека е задоволен затоа што во текот на подготовките видел голема желба кај фудбалерите, а кој утре ќе настапи најмногу зависи од физичката подготвеност.

„Македонија како и секогаш досега во овој дуел ќе влезе со максимална желба за успех. На располагање се сите од повиканите, верувам дека секој од нив ќе знае што треба да прави на теренот. Од она што го видов на подготовките можам да кажам дека гледам силна желба и жар во нивните очи. Тоа е нешто што ме радува. Кој ќе настапи и колку ќе настапи зависи, од физичката подготвка на секој поединечно и за натпреварувачката форма не можеме да многу да зборуваме“.

Очекува тежок натпревар…

„Ја анализиравме Украина и очекувам тежок дуел, концентрација мора да има во текот на 90 минути и ако сакаме успех, сигурно дека ќе мораме да направиме нешто офанзивно, не може фокусот да биде само на одбраната“, изјави Милевски

Ристовски потенцираше дека мораме да бидеме на максимално ниво ако сакаме позитивен резултат.

„Украина е репрезентација која не се смета за фаворит, но играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство и тогаш одигравме две различни полувремиња и направивме грешки кои тие ги казнија. Ако сакаме резултат ќе мораме да одиграме максимално, потребен ни е еден перфектен натпревар“, изјави Ристовски.

Украина и Македонија играат во терминот од 20:45 часот, а три дена по овој дуел македонската селекција ја очекува тешкото гостување кај Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

ФОТО | Фудбалерите на Украина пристигнаа во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот